Дончиќ даде 42 поени, но не беа доволно за триумф против Клиперс (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дербито во НБА-лигата синоќа го одиграа Лос Анџелес Клиперс и Далас маверикс, а на крајот славеше Клиперс со 118-110. Сепак, Далас покажа дека нема да биде лесен противник за клубот од Лос Анџелес.

Далас одлично го отвори мечот и по прва четвртина водеше со 38-34. Клиперс на полувреме ја намали негативата (66-69).

Меѓутоа, во третата четвртина некако Клиперс успеа да направи пресврт, откако Далас постигна само 13 поени.

Во последните 12 минути гледавме одличен дуел, но на крајот повеќе сила имаше Клиперс, кој славеше со 118-110 и така успеа да поведе со 1-0 во првата серија од плејофот.

Клиперс до триумф ги предводеше Кави Ленард кој имаше дабл-дабл со 29 поени и 12 скокови, додека кај Далас најефикасен беше Лука Дончиќ со 42 поени, девет асистенции и седум скокови.