„Дончиќ докажа дека полесно постигнува поени во НБА, отколку во Евролигата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Дончиќ пред две години пристигна во НБА-лигата и ја воодушеви американската јавност со неговите настапи на паркетот за Далас маверикс.

Младиот Словенец тогаш кажа дека полесно постигнува поени во НБА-лигата, отколку во Евролигата, а такво нешто сега порача и Дрејмонд Грин од Голден Стејт вориорс.

„Кога играте одбрана, сакате противникот да го натерате да прави нешто што не сака и така имате успешна дефанзива. Не може ниту да го забавите, ниту забрзате, тој оди во сво темпо. Мислам дека ги докажа неговите зборови од пред две години, кога кажа дека полесно постигнува поени во НБА, отколку во Евролигата“, вели Грин.