„Дончиќ е најлош дефанзивец во транзиција во историјата!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ со 25 поени, седум скокови и шест асистенции го предводеше Далас маверикс до триумф над Индијана пејсерс (127-104).

Ниту тоа не го спречи аналитичарот на „ЕСПН“, Тим Мекмахон да го критикува Словенецот и да го опише како најлош дефанзивец во транзиција.

„Еден скаут ми кажа дека Дончиќ е најлош дефанзивец во транзиција во историјата. На многу напади на противникот, тој не стигнува да се врати ниту до половина терен“, кажа Мекмахон.

Далас во моментов е на 11. позиција на Западот со 37 победи и 39 порази.