Дончиќ го достигна Џордан, ама не можеше сам против Голден Стејт


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше елиминиран со Далас маверикс од финалето во Западната конференција од Голден Стејт вориорс.

Дончиќ постигна 28 поени, девет скокови и шест асистенции, но ниту тоа не му помогна на Далас маверикс кој загуби од Голден Стејт.

Ѕвездата на Далас го заврш плејофот со просек од 31,7 поени, 9,8 скокови и 6,4 асистенции и така стана втор кошаркар, по Мајкл Џордан, кој успеал во три плејофи по ред да има најмалку по 30 поени, пет скокови и пет асистенции во просек.

За Дончиќ ова беше трет плејоф во НБА-лигата, а овој пат напредуваше најмногу и стигна до финалето во конференцијата.