Дончиќ го измести зглобот, па дојде до трипл-дабл: Клиперс го нокаутира Далас (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кошаркарите на Далас маверикс загубија од Лос Анџелес клиперс со 122-130 и така екипата од „градот на ангелите“ поведе со 2-1 во плејофот.

Лука Дончиќ дојде до нов тррипл-дабл, меѓутоа натпреварот го одбележа неговата повреда на зглобот, која за среќа не беше посериозна.

Словенецот го измести зглобот во текот на натпреварот и потоа замина во соблекувалната на прегледи, но успа да се врати на теренот и го заврши мечот со 13 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Феноменален меч за Далас одигра Кристапс Порзингис, кој постигна дури 34 поени и имаше 13 скокови, но тоа не беше доволно за победа.