Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Словенија во полуфиналето на Олимписките игри запиша убедлив триумф против Германија со 94-70.
Лука Дончиќ и другарите се вистинско воодушевување на олимписките игри и навистина е преубаво да се гледа како делуваат како тим.
Словенците во првата четвртина имаа 25-14, а следните две четвртини беа израмнети, по што актуелниот шампион на Европа одигра уште едни одлични 10 минути и се пласираше во полуфинале.
Дончиќ беше одличен, а му недостигаа само два скока за трипл-дабл. Тој постигна 20 поени, а имаше и осум скокови и 11 асистенции.
САД беше подобар од Шпанија со 95-81, а пресуди одличната игра на Американците во второто полувреме. Во редовите на победничкиот тим одличен беше Дурант со 29 поени и четири асистенции.