Дончиќ и Ирвинг комбинираа 82 поени за триумф против Филаделфија (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Далас маверикс беа подобри со 133-126 од Филаделфија 76ерс, а конечно свое шоу имаа Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, кои заедно постигнаа 82 поени.

Филаделфија почна да го губи чекорот со Далас во второто полувреме, кога се разиграа двете ѕвезди на екипата од Тексас, па Дончиќ го заврши мечот со 42 поени и 12 асистенции, додека Ирвинг постигна два поени помалку.

Голден Стејт вориорс ги прегази Лос Анџелес клиперс со 115-91, иако играше без Стеф Кари, а во негово отсуство најдобар беше Џордан Пук со 34 поени, додека Клеј Томпсон постигна 19 поени и 11 скокови.