Дончиќ купи вила од 2,7 милиони долари: Има 500 квадрати и се наоѓа во Далас! ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лука Дончиќ за две години во НБА-лигата успеа да се прослави и да стане еден од најдобрите кошаркари во лигата, а сега реши да се поднови со луксузна вила во Далас, каде што планира да живее.

Тоа го откри агенцијата за продажба на недвижнини, а се шпекулира дека Дончиќ за преубавата вила со голем базен платил 2,7 милиони долари.

Преубавата вила има 500 квадратни метри, а изградена е во 1984 година, по што потоа е прилагодена за живот во 21 век.

„Дончиќ има одличен вкус за недвижнини. Во јуни, додека излегувавме од домашен карантин поради пандемијата, 21-годишниот Лука се заљуби во овој дом“, соопштија од агенцијата.