Дончиќ не сакаше да го урне Шмит: Тука дојдов поради Словенија, а не за да ловам рекорди!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ постигна 48 поени во победата на Словенија над Аргентина, а имаше голема шанса да постави и рекорд по број на постигнати поени во историјата на Олимписките игри.

Бразилецот Оскар Шмит го има рекордот од 1988 година, кога постигна 55 поени на еден натпревар, а Дончиќ застана на 48 на мечот против Аргентина.

Меѓутоа, Дончиќ објасни зошто не ја искористил шансата да постави нов рекорд.

„Не сакам да ловам рекорди, не сакам дополнителен притисок. Тука дојдов поради тимот и сакам заедно да победуваме, рекордите не ми се важни и не ме интересираат воопшто“, кажа Дончиќ.

Дончиќ сигурно ќе има шанса до крајот на турнирот да го урне рекордот, а можеби тоа ќе се случи уште на дуелите во групната фаза.