Дончиќ не ужива повеќе во кошарката: Имам проблеми во приватниот живот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лука Дончиќ постигна 34 поени, 10 скокови и осум асистенции во третиот пораз по ред на Далас маверикс во НБА-лигата.

Далас повторно загуби и ја искомплицира битката за пласман во плејофот, но повеќе загрижува состојбата на Дончиќ, кој призна дека има сериозни проблеми.

„Лут сум поради тоа што се случува. Мислам дека јасно ви е кога ќе ме видите на теренот. Во последно време се чувствувам како да не сум свој. Претходно уживав во кошарката, но сега сум лут поради повеќе причини. Многу работи ми се случуваат надвор од теренот, но не сакам да зборувам за приваниот живот“, кажа Дончиќ.