Дончиќ подобар од Леброн, додека Јокиќ повторно лудуваше (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата ноќ беа одиграни 14 натпревари во НБА-лигата, а актуелниот шампион Денвер нагетс го запиша четвртиот пораз во последните шест натпревари во најсилната кошаркарска лига.

Денвер беше поразен од Орландо со 119-124, а овој пат не помогна ниту трипл-даблот на Никола Јокиќ кој беше нервозен и за малку ќе заработеше исклучување.

Возбудливо беше и на дуелот меѓу Далас маверикс и Лос Анџелес лејкерс, кој му припадна на Лука Дончиќ. Словенецот постигна 30 поени, 12 скокови и осум асистенции, додека Леброн запиша 26 поени.