Дончиќ: Полесно може да дадете 30 поени во НБА, отколку во Евролигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ покажа дека е еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, иако има само 23 години, но неговите настапи постојано ја воодушевуваат публиката.

Дончиќ пристигна во НБА-лигата како освојувач на Евролигата, но и на престижната награда на МВП во европското натпреварување, како и титулата за најдобар играч во шпанската лига.

Во најсилната кошаркарска лига ја доби титулата за најдобар дебитант, а во следните две сезони стигна и до Олстар-тимот.

„Во Евролигата се игра повеќе тимска кошарка, која се базира на тактика и има помалку време. Во НБА е потешко да се игра затоа што има квалитетни кошаркари. Сепак, би кажал дека во НБА полесно може да се постигнуваат поени бидејќи правилата се поразлични, а има и повеќе време и простор. Во Евролигата е потешко да се постигнат 30 поени, отколку во НБА“, вели Дончиќ.