Дончиќ: Прво на кафе со Јокиќ, а потоа по злато на Евробаскетот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ пред мечот меѓу Србија и Словенија даде хит изјава која го воодушеви регионот.

Јокиќ го пофали неговиот ривал Никола Јокиќ и вети дека ќе одат на кафе пред натпреварот меѓу двете репрезентации.

„Се радувам на средбата со Србија пред полни трибини, ќе биде тоа голем предизвик. Ќе одам со Јокиќ на кафе кога ќе се видиме“, кажа Дончиќ.

Ѕвездата на Далас маверикс има и големи очекувања на Евробаскетот каде што Словенија ќе биде една од кандидатите за злато.

„Србија е фаворит, со Грција, Франција, Италија, Литванија. Сепак, наша цел е да го освоиме златниот медал“, кажа Дончиќ.