Дончиќ се налути, па рушеше рекорди и ги уништи Французите (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенија ја совлада Франција со 88-82 и го освои лидерското место во групата со четири триумфи и еден пораз, па така продолжува во осминафиналето.

Натпреварот беше израмнет, а Словенците имаа периоди кога имаа водство од пет до седум поени, но Французите исто така на моменти имаа минимална предност.

Ноќ за паметење имаше Лука Дончиќ, кој постигна неверојатни 47 поени и така стигна до второто место во историјата по број на поени постигнати на еден меч на Евробаскет.

Пред Дончиќ е само Еди Терас од 1957 година, кој постигна 63 поени против Албанија.