Дончиќ со 35 поени му обезбеди финале на Далас на Западот (Видео)

Кошаркарите на Далас маверикс ќе играат против Голден стејт вориорс во големото финале на Западната конференција, откако го декласираа Феникс во „мајсторката“ со 123-90.

Одличен натпревар за Далас одигра словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, кој постигна неверојатни 35 поени и 10 скокови, а притоа имаше поддршка од Динвиди со 30 поени и Брансон со 24.

Најголемата разлика која ја имаше Далас во еден момент беше +46, кога беше сè решено, но потоа Дончиќ и другарите се опуштија, по што Феникс успеа да ја намали разликата.