Дончиќ со дабл-дабл го израдува Далас, Лејкерс по драма го расплака Мемфис (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас маверикс славеше со 115-90 против Мајами хит, а Лука Дончиќ повторно беше најдобар на паркетот, додека Лос Анџелес Лејкерс по драма го совлада Мемфис гризлис со 122-121.

Дончиќ постигна дури 34 поени и 12 скокови за Далас маверикс, а тоа беше доволно за нова победа во НБА-лигата.

Лејкерс покажаа дека можат да стигнат до плејофот без разлика на ужасниот почеток на сезоната, а триумфот против Мемфис даде јасна слика за ситуацијата во клубот.

Леброн Џејмс го заврши натпреварот со 23 поени, додека Шредер постигна 19, па така Лејкерс ја запиша 21. победа на Западот.