Дончиќ со луда тројка крена 20.000 навивачи на нозе (Видео)


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко - 17 ден ↓↓↓



Далас маверикс по пресврт славеше против Лос Анџелес клиперс со 103-101, а Лука Дончиќ повторно блесна на паркетот и постигна 35 поени, 11 скокови и пет асистенци.

Дончиќ продолжи да игра во одличен ритам и веќе на 11 од 13 меча постигна над 30 поени, а на 28 секунди пред крајот на натпреварот успеа да постигне неверојатна тројка за 101-99, која ги крена навивачите на нозе.

„Имав многу среќа. Некако стигнав до топката и шутнав, а таа влезе во кошот“, кажа Дончиќ.