Дончиќ тренира како „Роки Балбоа“ (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ остана без место во плејофот со Далас маверикс, но не чекаше долго пред да ги почне подготовките за новата сезона.

Дончиќ го очекува настап на Мундобаскетот на крајот на летото, односно од 26 август до 10 септември, кога Словенија ќе се соочи со Грузија, Зеленортските Острови и Венецуела во групата Ф.

Словенецот сака успех на турнирот, но и подобри резултати со Далас, па веќе почна подготовки, а навивачите го споредија со „Роки Балбоа“.