Дончиќ уште еднаш покажа дека е магионичар, а негова жртва беше Њу Орлеанс 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Далас маверикс синоќа на гости триумфираа против Њу Орлеанс пеликанс со 125-117, а уште еден неверојатен меч одигра Лука Дончиќ.

Далас успеа да ја запише 35. победа оваа сезона, откако гостите одлично го отворија мечот и по првата четвртина имаа водство од 45-27.

Екипата на Дончиќ беше подобар и во вториот дел, но домаќините успеаа да ја намалат негативата на четири поени, меѓутоа немаа сила за целосен пресврт (118-125).

Дончиќ блесна во дресот на Далас и го заврши натпреварот со 49 поени, 15 скокови и осум асистенции, додека на спротивната страна најдобар беше МекКолум со 38 поени, пет асистенции и два скока.