Дончиќ за малку ќе се истепаше со навивач (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Караницата меѓу Лука Дончиќ и навивач на Голден Стејт привлече големо внимание за време на вториот меч од финалето во Западната конференција во НБА-лигата.

Далас имаше 19 поени предност во првата четвртина, по што разликата почна да се топи, па не помогнаа ниту 42 поени кои ги постигна Дончиќ.

Навивач на Голден Стејт викаше по Дончиќ и бараше да замолчи, додека Словенецот не му остана должен.

Дончиќ со пцовки ги „почести“ и неговите соиграчи за време на еден тајм-аут, затоа што беше лут дека испуштиле голема предност во мечот.

Голден Стејт со новата победа поведе со 2-0 во финалето на Западот, па Далас ќе има тешка задача до крајот.