Дончиќ: Знам дека често се жалам, ама ова против Канада не беше фер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Словенија вчера загуби од Канада и остана без место во полуфинале на Светското првенство (СП) во кошарка.

Натпреварот го одбележа и исклучувањето на Лука Дончиќ, кој заработи две технички грешки поради приговор за недосудени прекршоци.

Дончиќ по натпреварот призна дека често се жали, но мечот против Канада не бил фер.

„За репрезентацијата играм со многу емоции, но сега не успеав да се контролирам до крајот. Бевме блиску до медал. Морам да бидам подобар. Тие играа грубо, знам дека се жалам, но судењето не беше фер. На еден од нашите играчи му кажале дека не сакаат да свират прекршоци од Брукс бидејќи многу им вршел притисок“, вели Дончиќ.