Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ зборуваше за “The Wall Street Journal” за почетокот на својата професионална кариера и за некои планови за крајот.
Лука се уште не го достигнал врвот. Тој има само 26 години, копнее за својот прв прстен како шампион и е лицето на една од најголемите франшизи на светот откако неодамна беше наеднаш разменет од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс.
Во НБА стигна од мадридскиот Реал каде се појави како супер талент во 2015 година. Претходно беше дел од младинските категории на клубот што го донесе од Олимпија.
“Да играш за Реал Мадрид – мораш да бидеш многу добар”, рече Лука, а потоа новинарот го праша дали би сакал да се врати во Мадрид на крајот од кариерата.
“Се разбира, тие ме одгледаа”.
Со влезот на НБА лигата во Европа, можеби почесто ќе го гледаме Лука на Стариот континент на некои натпревари, а сигурно дека оваа врска во иднина би можела да значи дека и други светски ѕвезди би посакале да преминат во овдашната кошарка.