Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа што Матс Хумелс во ова лето се врати во Борусија Дортмунд, лентата на Милионерите во наредната сезона ќе ја носи неговиот заменик од минатата.
Нов капитен на Борусија од Дортмунд е Марко Ројс.
Ова не е изненадување, одлучниот полушпиц од претходните четири сезони поминати на Вестфален, каде што во 2012 година стигна од Менхенгладбах како најдобар играч во Бундеслигата.
„Нормално дека е ова е голема чест за мене, но и голема одговорност. На мене е да бидам лидер на екипата која во новата сезона ќе има сосема нови контури. Останавме без Матс и без Илкај, кој е истотака страшен играч. Се надевам дека играчите кои дојдоа ќе бидат достојни замени“, изјави 27-годишниот Германец.
Ројс досега одигра 165 мечеви за Дортмунд во сите натпреварувања и постигна 76 голови. Од трофеи со Милионерите има два Суперкупови на Германија.
Во текот на досегашниот претстој во Дортмунд често се соочува со повреди, поради тоа впрочем ги пропушти Мундијалот во Бразил и овогодинешното ЕП во Франција.
Поради повреда сигугно нема да биде спремен за почетокот на наредната сезона, од клубот е потврдено дека нема да биде во екипата за мечот од Суперкупот против Баерн на 14 август, а сеуште не е познато кој во негово отсуство ќе ја носо капитенската лента на раката.