Дортмунд ја испушти титулата од раце, Баерн е шампион на Германија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последното коло во Бундеслигата ни донесе големи возбудувања, а на крајот Борусија Дортмунд одигра 2-2 со Мајнц, додека Баерн Минхен славеше со 2-1 против Келн и стана шампион.

Дортмунд имаше негатива од два гола против Мајнц, откако Ханче-Олсен и Онисиво ја затресоа мрежата на домаќинот. „Милионерите“ се обидуваа да стигнат до пресврт, а најпрво Гереро погоди за 1-2, по што во судиското надополнување Шуле ги постави конечните 2-2.

Баерн поведе со голот на Коман со 1-0, по што Мајнц израмни на 1-1 од пенал преку Љубичиќ, но во луда завршница Мусиала погоди за 2-1.

Баерн и Дортмунд имаат ист број на бодови, но екипата од Минхен поради подобра гол-разлика ја освои титулата.