Дортмунд ја одби понудата од Англија за Микхтаријан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германските медиуми пишуваат дека управата на Борусија Дортмунд ја одбила понудата од Англија која пристигнала за Хенрик Микхтаријан.

Репрезентативецот на Ерменија со Дортмунд има договор на уште една сезозна и најверојатно ова лето ќе го напушти германскиот клуб бидејќи одби да го продолжи својот договор. Германските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за овој играч и дека ќе направи се за Микхтаријан да заигра на “Олд Трафорд”.

Германски “Билд” соопшти дека Јунајтед испратил официјална понуда од 25 милиони евра, но дека Дортмунд истата ја одбил. Наводно, Борусија ќе го пушти својот играч само ако Јунајтед плати околу 40 милиони евра.