Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос им соопшти на организаторите на Ју-Ес Опен дека се откажал од учеството на турнирот.
Кирјос годинава нема да игра на еден од најголемите турнири во свет, а вели дека донел таква одлука за да ги испочитува неговите сонародници.
„Мора да се однесувате во интерес на другите. Не може да играте на маса, да земате пари по Европа или да се обидете да направите некој турнир од кој ќе земете пари. Тоа е себично, мислете и на другите. Не ме интересира на кое место се наоѓате или колку пари имате. Однесувајте се одговорно. За тие кои се однесуваат себично, ќе ви кажам среќно. Играјте на сопствен ризик“, вели Кирјос.
Ју-Ес опен е закажан од 31 август до 13 септември.