Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Шокантна вест пристигнува од Црна Гора, каде што Арсенал од Тиват е исфрлен од Европа за 10 години!
Како што пренесуваат Вијести, клубот од Тиват ќе мора да плати и половина милион евра казна, додека исто така се казнети фудбалерите и претставникот на клубот.
Фудбалерот Никола Челебиќ и претставникот на клубот Ранко Крговиќ добија доживотни забрани за работа во фудбалот, додека 10 години надвор од спортот ќе мора да бидат и капитенот на екипата Ќетко Манојловиќ, како и Радуле Живковиќ и Душан Пулетиќ.
Ова е сè епилог на скандалот во квалификациите за Конференциската лига во кој Арсенал од Тиват играше со Алашкерт.
Арсенал пред две години во реваншот на квалификациите за Конференциската лига како домаќин загуби од Алашкерт со 6:1 и тој меч беше под лупа на УЕФА.
Први за тоа пишуваа полските медиуми, со наводи дека во првото полувреме, иако до 35. минута резултатот беше 0:0, обложувалниците примиле влогови над 250.000 евра на играта “2+ во првото полувреме”. Првиот гол падна во 40. минута, а вториот во судиското продолжение.
Квотата во тие моменти беше дури 30 во некои обложувалници. Сомнителните уплати продолжуваа во второто полувреме со уплати на 5+ и 7+.
Фото: Принтскрин