Дракслер јасно порача дека сака да замине, дали е ова знак за Венгер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хулијан Дракслер сака по секоја цена да го напушти Волфсбург.

И тоа германскиот репрезентативец тоа повеќе не го крие.

Одличниот играч за врска е незадоволен од фактот дека тренерот Дитер Хекинг ја отфрли секоја можност за негово заминување.

Толку е лут што излезе во јавност и рече сосема спротивно – дека по секоја цена сака да го напушти Волфсбург.

„Треба тренерот прво со мене да изврши разговор пред да излезе пред новинарите. После Евро јасно реков на Хекинг дека сакам да заминам и тој за тоа е свесен веќе речиси месец дена. Очекував дека работите ќе бидат подруги, а не да разговараме преку медиумите“, лут порача Дракслер во интервјуто за „Билд“.

„Ми ветија нешто во минатата сезона и очекувам дека ќе го одржат зборот“, додаде Дракслер кој Волците го купија од Шалке за сума од 30 милиони евра.

„Билд“ тврди дека Дракслер е на мета на Арсенал и Јувентус, како и дека самиот играч кариерата сака да ја продолжи во Англија.

Прашање е само дали Топџиите сакаат да ја исплатат оштетата за одличниот офанзивец?