Драма на врвот: Исак не сака да игра за Њукасл по ниедна цена


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шведскиот напаѓач повеќе не сака по ниедна цена да игра за клубот, чиј дрес го носеше од 2022 година.

Дури и ако тоа значи дека ќе ја пропушти целата наредна сезона, Исак нема намера да се откаже. Причината е што Њукасл не сака да го пушти, иако Шведот изразил јасна желба да замине.

Исак е голема желба на Ливерпул, кој за него веќе понуди 127 милиони евра. Шведот ги договори сите лични услови, но Њукасл не е задоволен од понудата. Цената што ја бараат е 150 милиони евра и поради тоа преговорите сега се во застој.

Во наредните неколку дена ќе биде познато како оваа драма ќе се разреши. Во моментов, на загуба се и Исак и Њукасл.

Фотографија: Принтскрин