Драма во Баку: Перез слави нова победа, Окон ќе ги прегазеше фотограферите (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серхио Перез од Ред Бул беше најбрз на трката за Големата награда на Азербејџан во Баку, откако зад себе ги остави Макс Ферстапен и Шарл Леклер.

Ферстапен прво го презема водството од Леклер во третиот круг, по што тоа му успеа и на Перез, кој го искористи инцидентот на Ник де Врис за да остане на врвот додека неговиот колега влезе во бокс пред да се случи несреќата.

Во последниот круг од трката Естебан Окон влезе за пит-стоп, а очигледно никој не ги извести фотограферите за тоа, па за среќа беше избегнат посериозен инцидент.