Драма во Мадрид: Реал со епски пресврт го елиминира Баерн (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид се пласира во финалето од Лигата на шампиони (ЛШ), откако го совлада Баерн Минхен со 2-1.

Првиот гол беше постигнат во 67. минута од мечот, кога Алфонсо Дејвис погоди за предност на Баерн Минхен, а во завршницата „кралевите“ стигнаа до пресвртот.

Ноер направи голема грешка во 90. минута, по што Хоселу погоди за 1-1, а набрзо падна и вториот гол во мрежата на бундеслигашот кога истиот фудбалер стрелаше за пресврт (2-1).