Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес и актуелен шампион во Формула 1, предизвика паника во редовите на „сребрените стрели“.
Хамилтон на трката во Унгарија заврши на третата позиција, веднаш зад Естебан окон и Себастијан Фетел.
Тешките услови за возење, високата температура и влажноста на воздухот го земаа данокот, а тоа можеше да се забележи и на подиумот, кога Британецот едвај остана на нозе.
„Хамилтон во моментов е на доктор со симптоми на замор и вртоглавица“, соопштија од Мерцедес.
Веднаш потоа зборуваше и првиот човек на тимот, Тото Волф, кој кажа дека Хамилтон најверојатно ќе биде добар, а засега не се откриваат повеќе детали.