Драма во Сан Антонио – пукање по натпреварот (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сан Антонио го победи Детроит со 121:106 во дербито на НБА лигата, но тоа не е она за кое се зборува по натпреварот. 

На паркингот на арената по натпреварот се случи пукање додека навивачите ја напуштаа арената.

До конфликтот дојде поради мал судар на возила на паркингот, по што 48-годишен маж му пришол на возилото на друг човек и испукал два куршума, погодувајќи ја жртвата во горниот дел од телото.

Негова веднаш му беше укажана медицинска помош, бидејќи во близина имаше еден доктор и една медицинска сестра. Осомничениот веднаш беше приведен.

.