Дрес на Леброн продаден за 3,68 милиони долари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дресот на Леброн Џејмс од 2013 година кога со Мајами славеше против Сан Антонио е продаден за неверојатни 3,68 милиони долари.

Леброн во дресот на Мајами при победата против Сан Антонио за шампионскиот прстен постигна 37 поени, 12 скокови и четири асистенции.

Само двајца спортисти имаат продадено дрес за повисока цена, а тоа се дресовите на Мајкл Џордан од НБА-финалето во 1998 година за 10,91 милион долари, како и дресот на Диего Марадона против Англија во полуфиналето на Мундијалот во 1986 година за 9,28 милиони евра.