Дрогба по десет години го исполни ветувањето кое му го даде на Мбапе (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Париз синоќа беше одржано доделување на „Златната топка“, а победник по шести пат беше Лионел Меси.

„Франс фудбал“ по 64. пат во историјата ја организираше церемонијата, а овој пат честа да биде водител му припадна на легендарниот Дидие Дрогба.

Напаѓачот на ПСЖ не ни претпоставуваше дека Дрогба за него ќе има посебно изненадување. Бившиот фудбалер на Челси дозна дека пред десет години му ветил на Мбапе дека ќе се фотографира со него, но тоа не се случило и Дрогба реши тоа да го поправи.

„Пред десет години едно момче побара да се фотографира со мене. Ветив дека ќе го направиме тоа по мечот, но на крајот одбив затоа што тоа беше дуелот против Барселона во 2009 година кога бевме ограбени. Бев изнервиран и не се согласив да се фотографирам со него. Дури подоцна дознав дека тоа беше Килијан и сега дојде време да го исполнам даденото ветување“, порача Дрогба.