Дурант доби засилување со кое ќа ја брка титулата во НБА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бруклин нетс следната сезона ќе имаат фантастичен тим. Кевин Дурант доби нови соиграчи, а еден од нив е Пол Милсап.

Милсап четири пати настапи на Олстар-натпреварите, а овој крилен центар минатата сезона играше одлично во Денвер нагетс.

Ова лето како слободен играч се пресели во Бруклин и така екипата комплетираше состав со кој ќе биде еден од главните фаворити за освојување на НБА-лигата.

Милсап е второ засилување за Бруклин, откако претходно пристигна и Пети Милс, па заедно со Дурант, Ирвинг, Харден и останатите ќе бидат фаворити за освојување на шампионскиот прстен.

Новата сезона во НБА почнува на крајот на октомври, а титулата ја брани Милвоки бакс.