Дуван Запата реализира голем траснфер

Дуван Запата важи за еден од најдобрите напаѓачи во Италија, но никогаш не доби доволно внимание од фудбалската јавност.

Напаѓачот на Аталанта игра одлично оваа сезона и веќе има постигнато 12 погодоци и има запишано седум асистенции во тимот од Бергамо.

Според „Спортмедиасет“, Дуван Запата сега е интересен за Чоло Симеоне и Атлетико Мадрид.

За 29 годишниот фудбалер Атлетико Мадрид ќе мора да плати сума од близу 40 милиони евра што е и тоа како солидна.