Два докази дека Луиз преминува во Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако понудата од 32 милиони фунти е одбиена. Челси се врати!

Вчера како гром од ведро небо Дејли Мејл ја извести јавноста дека Челси испрати понуда од 32 милиони фунти за Давид Луиз, фудбалер кој играше за тој тим до пред две години кога е продаден за 50 милиони фунти.

Утрово е одбиена понудата од 32 милиони,  но после тоа пишавме и дека не е сеуште се готово и дека Челси го сака Бразилецот по секоја цена.

Сега француските медиими, конкретно „Ле Парисиен“ пишува дека Давид Луиз е на пат кон Лондон и дека трансферот ќе се случи.

Луиз е во немилост на тренерот Емери, го испрати на клуба бидејќи во првиот состав се Маркињос и Силва, па е многу незадоволен со својот статус. Од друга страна, средината во Челси, му е многу позната.

Покрај се ова, поедини обложувалници ги прекинаа сите кладби дека Луиз ќе премине во Челси.

Доволно докази?