„Два фудбалери на Реал се “виновни“ што сум во Манчестер“

Францускиот фудбалер Пол Погба во ова лето стана најскапо платен фудбалер на светот.

Тој дресот на Јувентус го замени со дресот на Манчестер Јунајтед, а на тоа влијаеле и два фудбалери на Реал Мадрид.

Имено, Погба за Манчестер Јунајтед Тв порача дека бил во контакт со Варан и Алваро Мората кои го увериле дека Жозе Мурињо е вистински тренер за него.

„Разговарав со Мората и Варан и тие ми рекоа дека Жозе е вистински тренер за мене. Тој ќе ја подобри мојата игра и ќе ме натера подобро да се трудам. Веќе се чувствувам така. Веќе разговарав со Мурињо неколку пати и тој ми даде дополнителна енергија. Затоа помислив, зошто не? Рече Погба.

Да потссетиме дека неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед чинеше околу 105 милиони евра.