Два клуба заинтересирани да го донесат Емре Чан во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мeдиумите во Италија пренесуваат дека во моментов има два клуба кои се заинтересирани да го донесат Емре Чан во своите редови во јануарскиот преоден рок.

Францускиот шампион, ПСЖ веќе подолг период пројавува интерес и може да тргне по неговите услуги во јануари, а втор заинтересиран тим е и Баерн Минхен кој сака да ја засили средината со германскиот фудбалер.

Пред одреден период  „Скај Спортс“ објави дека и Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Чан, меѓутоа играчот би преферирал клуб кој игра во Лигата на шампионите каде ќе има право за настап и во вториот дел од сезоната затоа што во моментов не е пријавен за настап во најелитното европско натпреварување од страна на Јувентус.