Два збора на Азар и насмевка кај Мбапе: Дали ова е најава за трансфер? 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Франција и Белгија одиграа одличен натпревар во полуфиналето на Лигата на нации, па во Торино паднаа пет гола, а најдобар на мечот беше Килијан Мбапе.

Белгијците одиграа одлично прво полувреме, имаа предност од 2-0, но светскиот шампион предводен од Мбапе режираше неверојатен пресврт и славеше со 3-2.

Интересен детал се случи пред самиот почеток на натпреварот, а станува збор за Еден Азар и Мбапе, кој на крајот беше избран и за најдобар играч на мечот.

Камерите го снимија моментот кога Азар му зборуваше нешто на Мбапе, а Французинот прво го погледна, па потоа се насмеа.

Невозможно е да се прочита од усните на Азар што му кажува на Мбапе, но многумина сметаат дека тоа е „Хала Мадрид“.