Двајца тренери се фаворити за „жешкото“ столче на „Олд Трафорд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед беше декласиран од Тотенхем на домашен терен со 1-6, па англиските медиуми почнаа со шпекулации за тоа кој би можел да го замени норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер.

Солскјер има уште неколку натпревари за да го поправи впечатокот и резултатите, а ако тоа не се случи, тогаш би можел да добие отказ.

Веќе се познати и две имиња кои се најблиску да го заменат на „жешкото“ столче, а тоа се Маурицио Покетино и Масимилијано Алегри.

И двајцата се слободни во моментов, па нема сомнеж дека сакаат да се вратат на работа, а Јунајтед би бил идеална шанса за тоа.