Двајца фудбалери осомничени за убиството на ММА борецот во Белград (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот ММА борец Стефан Савиќ беше убиен на 25 февруари во Белград, а полицијата идентификуваше две лица кои се осомничени за убиството.

Еден од нив е Марко Даничиќ, кој е роден во Загреб, а играл во младинските категории на Графичар и Црвена Звезда, по што заминал во Торонто. Вториот осомничен за убиството е 23-годишниот Василије Гачевиќ кој исто така е фудбалер.

Савиќ околу 1.30 часот бил примен во болница со крварење и докторите не успеале да го спасат.

Според информациите, Савиќ најверојатно се скарал со нив во еден ноќен клуб, при што бил нападнат, а еден од напаѓачите го избодел со остар предмет во близина на срцето.