Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После вчерашната средба на која присуствуваа, меѓу другото, и претставниците на Фудбалскиот сојуз на Италија и министерот за спорт на оваа земја, Винченцо Спадафора, донесена е одлука дека Серија А и Купот на Италија може да продолжат.
Италијанскиот шампионат ќе продолжи за викендот на 20. и 21. јуни, додека пред тоа ќе ги гледаме натпреварите од полуфиналето на Купот на Италија.
Тие натпревари се закажани за 13. јуни. Тоа е официјалниот датум за враќање на фудбалот во земја што пред два месеци беше меѓу најпогодените во светот кога станува збор за Ковид 19.
На тој ден, љубителите на фудбалот се ќе имаат можност да гледаат два големи натпревари.
Јувентус и Милан ќе се сретнат во Торино, додека Наполи и Интер ќе се натпреваруваат на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол.
На првите натпревари резултатите беа следниве: Милан – Јувентус 1:1, Интер – Наполи 0:1. Тие натпревари се играа кон средината на февруари.
Финалето на Купот на Италија е закажано само четири дена по полуфиналните натпревари, поточно на 17. јуни, а ќе се игра на Олимпико во Рим.