Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Илија Несторовски и Димитар Митровски, двајца македонски фудбалери, го свртеа вниманието кон себе во последното коло од Првата лига на Хрватска, благодарение на нивните извонредни игри. Нивните фантастични настапи беа забележани, па затоа заслужено се најдоа меѓу најдобрите единаесет во колото.
Во натпреварот против Истра, Несторовски постигна гол за Славен Белупо. Натпреварот заврши нерешено (1-1). Митровски, пак, постигна два гола, со што беше клучна фигура за победата на Вараждин против Локомотива, која заврши со резултат 2-1.

Фото: NK Slaven Belupo