Две имиња на списокот на напаѓачи на Мурињо кои би го замениле Хари Кејн


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Хари Кејн доживеа тешка повреда на првиот натпревар од новата 2020 година и би можел да отсуствува од терените до крајот на сезоната.

Мурињо нема резервна опција во нападот, па затоа веројатно ќе донесе нов напаѓач во јануарскиот преоден рок.

За Португалецот има две опции, првата е Криштоф Пјонтек од Милан кој стана прекуброен во клубот по пристигнувањето на Златан Ибрахимовиќ, а втората е Зе Луис од Порто.

28 годишниот Зе Луис му бил понуден на Тотенхем овие денови и клубот од Лондон би можел да го добие играчот на позајмица.

Засега токму Зе Луис е најголемиот фаворит да го облече дресот на „петлите“ во следниот период.