Две победи го делат од историја: Ѓоковиќ наскоро ќе му избега на Надал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ од следната недела игра на турнирот во Виена. Тој ги наполни батериите во Белград, а во Австрија ќе се обиде да му избега на Рафаел Надал на АТП-листата.

Ѓоковиќ за првпат по 2007 година ќе настапи во Виена, а сега му требаат само две победи да израмни неверојатен рекорд.

Србинот досега пет пати ја завршуваше годината како најдобар тенисер во светот, а ако оствари два триумфи во Виена, тогаш ќе го обезбеди првото место до крајот на сезонава, со што ќе се израмни на листата со Пит Сампрас, кој беше шест пати најдобар во светот на крајот на годината.

Надал сега има 9.850 бодови, а дополнителни поени боже да освои во Париз и на завршниот Мастерс. Со максимален број на освоени бодови, Шпанецот би стигнал до 11.590.

Ѓоковиќ само во Виена може да освои нови 500 бодови, со што на завршниот турнир од сезоната би можел да додаде уште 1.300. Тоа значи дека Ѓоковиќ сезоната ќе ја заврши со 13.540 бодови.