Две ѕвезди на Украина нема да играат против Македонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација за првпат летово ќе настапи на Европското првенство (ЕП), а еден од ривалите ќе ни биде селекцијата на Украина, која денеска доби лоши вести.

Украинските медиуми објавија дека селекторот Андриј Шевченко нема да може да смета на две од своите ѕвезди, откако поради повреда отпаднаа Евгениј Конопљанка и Виктор Коваленко.

Двајцата фудбалери нема да настапат против Македонија и ќе го пропуштат шампионатот, а тоа ќе биде голем хендикеп за репрезентацијата на Шевченко.

Украина на 17 јуни во Букурешт ќе се соочи против Македонија, па средниот ред на нашиот ривал ќе биде драстично ослабен.