Двоен удар од 43 милиони евра: Витсел + Квадрадо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Утре промоцијата!

Утре стигнуваат и последните две коцки за шампионскиот мозаик на Јувентус. Вечерва старата дама успеа да издејствува трансфер на Хуан Квадрадо и Аксел Витсел со кои ќе заврши преодниот рок.

Иако Антонио Конте се противеше на враќање на Антонио Конте во Јувентус, на крајот не можеше да ја стопира целата зделка. Играчот и неговата желба за повторно да го носи бело-црниот дрес беа пресудни.

Но и вољата на Јувентус да ги задоволи барањата на Челси. Бјанконерите ќе уплататѕ 5 милиони евра на име оштета со обврска да го откупат крилниот фудбалер во наредното лето за 20 милиони евра. Челси сепак мораше да ги спушти барањата од 30 милиони евра.

Завршена е и работата околу Аксел Витсел. Два месеци Јувентус бараше за централен играч за врска, се споменуваа имињата на Немања Матиќ, Блез Матуиди, Муса Сисоко, Стивен Нзонзи, Луиз Густаво, Аксел Витсел.

Завршено е со доведувањето на Белгиецот.

Зенит вечерва на прифати понудата на Старата дама од 15 милиони евра. Со дополнителни 3 милиони евра на име бонуси. Зенит мораше да капутулира, инаку ќе останеше без пари со оглед дека Витсел влезе во последната година од договорот.

Утре се очекува Квадрадо и Витсел да ги поминат лекарските прегледи и да бидат официјално претставени како нови играчи на Бјанконерите со што преодниот рок ќе биде завршен.

Витсел денеска го напушти кампот на белгиската репрезентација и се упати за Торино.