Двојна игра на УЕФА: Финале во ЛШ може да се игра, ама во Куп – не може!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По неколку дена шпекулации пристигна официјална потврда од УЕФА дека финалето во Лигата на шампиони ќе се одржи во Порто.

Истанбул и втора година по ред остана без организација на големото финале поради проблемите со вирусот кои се појавија.

Навивачите на Манчестер сити и Челси треба да добијат по 6.000 влезници за дуелот, додека останатите ќе бидат доделени на неутралните навивачи.

Никој не е задоволен со одлуката на УЕФА затоа што игра двојни игри. Финалето во португалскиот Куп меѓу Брага и Бенфика ќе се одигра шест дена пред финалето во ЛШ, но на него нема да има публика.

Ова предизвика револт кај португалските навивачи, кои се прашуваат зошто може УЕФА да носи навивачи од странство на финале во ЛШ, но не може да присуствуваат домашни навивачи на португалскиот Куп.